Search
четврток 19 јули 2018
  • :
  • :

ВМРО-ДПМНЕ: Димовски и Милошоски во аут, Јанушев нов генерален секретар?

Александар Николовски, Митко Јанчев и Владо Мисајловски се избрани за потпретседатели на паријата, тврди ТВ 24.

Вечерва заседава Централниот комитет на ВМРО -ДПМНЕ, на кој се избираат нови членови на Извршниот комитет. Пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, новинарски екипи ги очекуваат резултатите од седницата.

Пред настанот, се шпекулираше дека Илија Димовски и Антонио Милошоски не се поканети на седницата и дека тоа значи дека тие нема да бидат дел од новото раководство.

ТВ 24 соопшти дека Игор Јанушев е избран за нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, а Александар Николовски, Митко Јанчев и Владо Мисајловски за потпретседатели. Членови на ИК ќе бидат Иван Јорданов, Дејан Јовановски, Орце Ѓорѓиевски, Пецаковски, Дејанчо Ефтимов, Златко Перински, Владимир Ѓорчев, Коце Трајановски, Игор Николов и Драги Димитриевски.

Игор Јанушев, поранешен директор на ЈСП (извор: skopjeinfo.mk)

 

 

 

loading...