Search
петок 19 јануари 2018
  • :
  • :
Loading...

Светото архитектонско криминално тројство, Азманов, Чифлиганец, УСЈЕ

Loading...

Светото архитектонско криминално тројство

Криминалното градежно тројство ,,УСЈЕ – АДОРА – НАСТЕЛ,,, во последните десет години потполно ја наруши безбедносната компонента во градењето. Од неколку битни аспекти…

пишува: Зоран Буревесник Божиновски

Прв аспект е вградувањето на т. н. ,,посен,, цемент во градбите на ,,Адора инженеринг,, и ,,Настел,,, сопственост на големите газди Ванчо Чифлиганец и Зоран Азманов. Она што овие двајца транзициони богаташи збогатени на нескриено криминален начин, го градат низ Скопје и низ Македонија во светот се вика БРУТАЛИЗАМ. Особено она архитектонско чудовиште на Азманов изградено во скопско Тафталиџе му припаѓа на тој стил, а не заостанува ни новиот деловен комплекс на Чифлиганец, лоша копија на облакодерот „Флетајрон“ од Њујорк, пуштен во употреба во Скопје пред нова година. И чудовиштето на Азманов и лошата копија на Чифлиганец, освен по брутализам видлив со голо око, се карактеризираат и со небезбедност и фалш изградба, која е видлива за стручно око на архитекти и на луѓе кои се занимаваат со градежен бизнис.

Стручњак од меѓународни рамки, добро запознат со начинот на поимање на градежништво каков поимаат Азманов и Чифлиганец, ми тврди дека во нивните градби, БЕЗ ИСКЛУЧОК каде и да градат,  вградуваат цемент со послаб квалитет, наместо декларираниот и пропишаниот ,,Марка 30,,. Мојот соговорник ми гарантира дека Адора и Настел имаат разработено систем на измама во кој, за поголем профит, вградуваат цемент ,,Марка 20,,, дури и ,,Марка 15,, кои се основата на нивните градби, а тука и таму каде е баш неопходно, за да ,,замачкаат,, вградуваат и цемент ,,Марка 30,,. Овој разработен систем на измама и грабеж на нивните корисници, купувачи на станбен и деловен простор, е усогласен со третиот партнер во измамата, цементарница ,,Усје,, од каде пристигнува таков цемент.

Посебен профит остварува ,,Усје,, со нивниот јавно деклариран начин на продажба на готов цемент за широка потрошувачка и за големи купувачи кој добро оди благодарение на продажба со НУЛТА ПРОФИТ. Ова е направено во дослух со екс извршната власт во Македонија, со цел да се уништи конкуренцијата (помали фирми!) која работи исклучиво со цемент по пропишан стандард и проверен квалитет и добро да се заработи. Измамата со ,,Усје,, се состои во тоа што продаваат цемент со НУЛТА ПРОФИТ а остваруваат годишни профити од десетина милиони евра чист профит. Тоа му доаѓа како профит од НУЛА. Тајната е во декларирање дека продаваат цемент ,,Марка 30,, а продаваат ,,Марка 20,, или ,,Марка 15,, кој го вградуваат Настел и Адора како најголеми потрошувачи, во своите градби. Секоја друга фирма во Македонијакоја произведува готов цемент, а нема дил со власта да мами на разлика во квалитет како ,,Усје,, може да сонува профит во Македонија.

Вградениот цемент со послаб квалитет, во режија на измамниците Чифлиганец и Азманов, нивните објекти кои ги рекламираат како да се чуда на архитектурата, ги чини небезбедни и помалку трајни за домување и бизнис. Ова, според мојот соговорник е лесно проверливо доколку било кое обвинителство покрене истрага за утврдување на цврстината на вградениот цемент во нивните градби, ама под услов да бидат ангажирани вештаци за оваа проблематика од странство.

Чифлиганец и Азманов градат со ,,купени,, дозволи, прибавени од Градежниот институт и градежниот факултет, а ги имаат и сите потребни дозволи од Институтот за земјотресно инженерство од Скопје. Мојот соговорник тврди дека доколку се тргне во истрага да се утврди како ,,Адора,, и ,,Настел,, дошле до потребните дозволи ќе се утврди дека се добиени од корумпирани службеници овластени за нивно издавање, ама дека во тие институции има и некорумпирани кои не сакале да учествуваат во ова градежно и криминално Елдорадо, па лесно ќе се отвори стручна расправа која ќе резултира со откривање на огромен криминал.

Во целата оваа опасна игра со граѓаните и бизнис заедницата, доведени во уште поопасна заблуда, најмал проблем е што тие платиле цена за квалитетна градба а добиле неквалитетна или никаква градба која само личи на тоа што им било декларирано пред да купат. Најопасното е тоа што градбите на Чифлиганец и на Азманов се небезбедни и нема шанси да издржат посилен земјотрес. Со материјалите што се вградени во нивните градби, тие се статички нестабилни и ,,чекаат,, јак земјотрес за да ,,клекнат,, или тотално да ,,легнат,, при таква непосакувана елементарна катастрофа.

Посебен аспект преку кој може да се открие како работеле и работат Ванчо Чифлиганец и Зоран Азманов е имало или немало ангажман на лиценцирана фирма за градба и изведување на објектите. Ова значи дека и двете компании, ,,Адора,, и ,,Настел,, се обврзани со закон да ангажираат фирма или фирми кои во својот состав имаат најмалку тројца градежни инженери или архитекти СО ЛИЦЕНЦА. Мојот соговорник тврди со 100% сигурност дека ниту едната ниту другата фирма на двајцата бизнисмени/градежници не работи со такви фирми наназад 10 години. Мојот соговорник е подготвен на јавна или медиумска дебата за погоре искажаните аспекти на криминализираното македонско градежништво. Нека повелат да ја организираат. Ќе се појави заедно со мене како потписник на овој текст.

НАПОМЕНА: Има уште други примери како овие два, со Чифлиганец и Азманов, но тие се од помал бизнис габарит и прават помала штета, не градат масовно. Во бескрупулозна трка по огромни профити ,,Настел,, и ,,Адора,, ја прават најголемата штета во РМ во однос на (не)безбедноста и нестручноста во градежништвото. Ним човечкиот живот баш ништо не им значи…

линк до оригиналот