Search
вторник 24 април 2018
  • :
  • :
Најнови Вести

Пратениците кои се спротиставија на изборот на Мицкоски, исфрлени од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Loading...

Откако вечерва Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ избра нов Извршен комитет на опозициската партија се потврдија шпекулациите дека од ова партиско тело ќе бидат „исфрлени“ тие што се спротиставија на изборот на новиот претседател, Христијан Мицкоски.

Во новиот ИК веќе ги нема пратениците Илија Димовски, Антонијо Милошоски, како и поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски.

Сите тие обвинуваа за недемократска процедура и спроведување на Конгресот на кој Мицкоски беше избран за нов партиски лидер.

Инаку нов генерален сектретар на ВМРО-ДПМНЕ е Игор Јанушев, поранешен директор на ЈСП.

Потпретседатели се Митко Јанчев, Александар Николовски и Владо Мисајловски.

За членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, се избрани Иван Јорданов, Кирил Пецаков, Орце Ѓорѓиевски, Владимир Нелоски, Даниела Рангелова, Игор Николов, Трајко Славевски, Драги Димитриевски, Влатко Ѓорчев, Силвана Ангелеска, Тони Михајловски, Димитар Димовски, Дафина Стојаноска, Златко Перински, Коце Трајановски, Дејан Јовановски, Дејанчо Ефтимов, Цветан Трипуновски, Игор Божиновски, Костадин Богданов, Ане Лашкоска и Бајрам Требишки.