Search
петок 14 декември 2018
  • :
  • :

Нинџа повторно клучен сведок, еднаш очигледно ставен да им пресуди на Зоки Филм и Љубе Бошковски, сега други нарачатели и други жртви

loading...

Нинџа повторно клучен сведок, еднаш очигледно ставен да им пресуди на Зоки Филм и Љубе Бошковски, сега други нарачатели и други жртви. Како момаков секогаш е толку информиран, знае дека Љубе нарачал, Филм организирал убиство, а сега ги знае и организаторите и нарачателите за 27 април! Кацарска е во право, моја чудесна земја, до кога момаков ќе се употребува???

Судење „Ровер“: По 12 години молчење, денеска, Александар Василевски – Нинџа, со свежа меморија, подробно раскажа за денот на убиството на Тушевски и Јанев

Среда, 6 февруари 2013 – По 12 години молчење, денеска Александар Василевски – „Нинџа“, со свежа меморија, во судот раскажа за кобниот ден, релациите меѓу жртвата Тушевски и обвинетите, како и за причините за двократното убиство. Според него, поранешниот министер, сега обвинет, Љубе Бошковски е нарачател, а обвинетиот Зоран Трајковски, тогашен обезбедувач на министерот, е организатор на убиството. Раскажа како, наводно, парите на бизнисменот Зоран Азманов биле причината за куршлусот помеѓу обвинетите и убиениот, а чашата се прелеала откако Тушевски го нападнал шурата на министерот. Димитар Тушевски, татко на убиениот, ги посочи обвинетите како убијци на неговиот син, но тоа првично го слушнал од чаршиски муабети.  

Со обвинението во случајот „Ровер“, 15 лица се товарат за убиство и помагање убиство извршено врз Марјан Тушевски и Kире Јанев во јули 2001 година. Првите четворица обвинети, Предраг Чубрило, Милан Илиќ, Милорад Ковачевиќ и Вук Вукичевиќ, кои се товарат дека се директни извршители на убиството, се во бегство. Според обвинението, Чубрило, Илиќ, Ковачевиќ и Вукичевиќ влегле во Република Македонија со помош на шестообвинетиот Ивица Ристиќ. Пред убиството, тие претстојувале отприлика еден месец во изнајмен стан. Најголемиот дел од останатите обвинети, во тоа време инспектори во Одделот за набљудување и документирање при МВР, се товарат дека имале информации за убиството, но не презеле ништо. Според обвинителството, главна мета бил Маријан Тушевски, а Киро Јанев бил само колатерална штета, кој случајно се нашол на местото на убиството. Поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски е седмообвинет обвинет, и се товари за помагање убиство, односно дека му одобрил на сега починатиот Орце Коруновски да го лиши од живот Маријан Тушевски, притоа давајќи му ветување дека никогаш нема да поведе истрага против него.

>> Предметот за случајот „Ровер“ можете да го проследите тука .

Тек на рочиштето

16:00 – Судскиот процес продолжува на 19.02.2013 во 09:30 часот, со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството.

15:40 – Кога на ред дојде обвинетиот Зоран Трајковски, го информира судијата дека при слушањето на сведокот, за него запишал вкупно 112 прашања. Преку одговорите кои ги бараше од сведокот, се обиде да го дискредитира неговото својство посочувајќи дека сведокот е „обичен шпион“ кој за пари собира информации, со цел да ги предаде во полицијата.

14:50 – Oткако одбраната заврши со прашањата, адвокатот Драган Василевскипобара соочување на сведокот со обвинетата Бранислава Стојчевски и на сведокот со обвинетиот Зоран Трајковски. По ова, обвинетите почнаа да му поставуваат прашања на сведокот. Меѓу нив, прв проговори обвинетиот Сашо Јовановски, кој преку прашањата се обиде да го негира исказот на сведокот којшто претодно посочи дека поранешниот министер го унапредил обвинетиот Јовановски во повисоки структури на МВР. Потоа, обвинетиот Бошковски го праша дали „со цела своја памет“ тврди дека тој, заедно со Тушевски, на лична покана присуствувале на роденден на министерот. Сведокот потврдно одговори на ова, а уште еднаш посочи дека обвинетиот Трајковски бил врската меѓу министерот Бошковски и Тушевски.

12:10 – Одбраната почна со прашања за сведокот. Откако тој детално го опиша местото на убиството, за кое и во истрага рекол дека било со грмушки, темно и непрегледно, одбраната на обвинетиот Сашо Јовановски бараше да објасни како сведокот е сигурен дека го видел Јовановски кога самиот вели дека местото било темно. Сведокот Василевски со свежа меморија, подробно објасни дека го видел обвинетиот Јовановски, а по неколку минути во толпата луѓе ја познал и обвинетитата Бранислава Стојчевски, за која објасни дека, според негови сознанија кои биле пренесени од Тушевски, таа била близок соработник на обвинетиот Трајковски. Во еден наврат, спомена дека на самото место го забележал и обвинетиот Зоран Трајковски, се свртел кон него и го прашал: „На нас ли удривте?“, по што Tрајковски рекол дека инспекторите се на лице место затоа што Тушевски бил предмет на обработка и бил следен.

Половина од адвокатите неколку часа се распрашуваа за детали околу врската меѓу сведокот, убиениот, поранешниот министер и обвинетиот Трајковски, тогашно лично обезбедување на министерот Бошковски. Прашањата најмногу беа насочени кон тоа од каде сведокот ги знае овие информации за Тушевски, за неговата љубовница Зека Јеж, за неговите контакти со полицијата. Одбраната, пак, се фокусира на тоа дека по една деценија, сведокот настапил со одлична меморија за овој настан, а притоа, за него не зборувал долго време, затоа што, како што појасни, кога ја видел полициската структура на местото на убиството, одлучил да молчи и да не зборува за тоа што го видел и слушнал.

11:40 – По паузата, процесот продолжи со прашања од Обвинителството за сведокот. Василевски рече дека четворицата обвинети кои се во бегство, а според обвинението се убијците на Тушевски, делумно ги познава. Според неговите зборови, обвинетиот Чубрило го гледал во полициска униформа во земјава, а за него слушнал дека за време на воениот конфликт ја обучувал специјалнита единица „Лавови“. Исто така, посочи дека знае како обвинетиот Сашо Јовановски од единицата „Волци“, по директива на тогашниот министер Бошковски е префрлен во повисоки структури на МВР.


11:05 – Пауза  од 20 минути.  Веднаш по неа се очекува Обвинителството и одбраната да му поставуваат прашања на обвинетиот.


10:20 – На клупата за сведоци, по Димитар Тушевски седна Александар Василевски – Нинџа, кој исто така е обвинет во други два предмета, а на судењето беше спроведен од притвор.

Контроверзниот Василевски најпрвин раскажа дека 12 години молчел и пред полицијата не кажал дека на денот на убиството бил во друштво на Марјан Тушевски и Киро Јанев, а потоа се надоврза на врските меѓу Бошковски, Трајковски  и Тушевски.

Детално раскажа за кобниот ден, за случувањата со Тушевски околу кафулето, каде вечерта бил застрелан. Василевски тврдеше дека за ова молчел со години, а освен вечерта по убиството, кога бил однесен во полициска станица и ги премолчел фактите, по ова никој никогаш не го повикал ниту прашал.

Го потврди исказот даден во истрага според кој во моментот на рафалното пукање во кафулето видел како две лица бегаат, а до нив бил обвинетиот Сашо Јовановски. По неколку минути, потврди дека меѓу толпата луѓе го видел, наводно, и обвинетиот Трајковски. Потоа, бил приведен во станица, каде, од непозната причина, рекол дека ништо не видел.

Според него, Бошковски, Трајковски и Тушевски имале одлична соработка; обвинетите, наводно, му давале партиски задачи на Тушевски, кои тој ги извршувал. Дадените задачи, како што вели, се состоеле во собирање пари од скопски бизнисмени, меѓу кои и бизнисменот Зоран Азманов. Како што раскажа, на Тушевски, наводно, му било наредено да ги запали складовите на Азманов, со цел тој да биде обесштетен од осигурителна компанија, а за возврат му биле ветени пари. Според Василевски, куршлусот настанал кога Тушевски ја извршил задачата, а не видел ниту денар од ветените пари. Чашата, како што кажа, се прелеала кога го нападнал шурата на Бошковски,Љупчо Костадиновски – Сокол.

09:40 – Прв сведочеше Димитар Тушевски, татко на  Марајн Тушевски. Тој е убеден дека убиството на неговиот син го нарачал поранешниот министер за внатрешни работи и обвинет Љубе Бошковски, а го организирал обвинетиот Зоран Трајковски. Сепак, сведокот не можеше да прецизира од каде му се тие информации; рече дека за тоа слушнал од луѓе. Како причина за убиството наведе дека станува збор за, како што ги нарече, „некакви пари“, а според неговите зборови, вмешана била и љубовницата на неговиот син, која ден по убиството, наводно, избегала со парите.

09:35 – Старт на рочиштето. Условите за одржување на главниот претрес се исполнети.

loading...