Search
вторник 24 април 2018
  • :
  • :
Најнови Вести

Мицковски ги исклучи Милошоски и Димовски од ИК, па кажа дека се перфектни луѓе

Loading...

Во новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ нема место за Илија Димовски и Антонијо Милошоски. Претседателот на партијата и предлагач на Извршниот комитет, Христијан Мицковски по завршување на Централниот комитет негираше дека ги исклучил од ИК поради тоа што бараа одложување на Конгресот во Валандово.

-Јас во неколку наврати кажав дека станува збор за перфектни луѓе, прекрасни личности коишто биле активисти од партијата, извршувале големи и значајни државни функции, имаа уште многу што дадат во структурите на партијата, така што не се исклучува можност за нивно понатамошно ангажирање во било кои сегменти во структурата на партијата, се разбира доколку тоа соодветствува со нивните амбиции, изјави Мицковски.

Јанчев за Фокус: ВМРО со нови сили и свежи идеи ќе ги враќа демократијата и просперитетот

ВМРО -ДПМНЕ влегува со нови сили и свежи идеи во дејствувањето и напорите за враќање на демократијата и просперитетот на Македонија, изјави за Фокус градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев откако вечерва стана потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

-Пред само неколку месеци влегов со големи амбиции во предизвикот за градоначалничката функција. За таа одлука долго време размислував се додека не ја добив целата поддршка од луѓето кои ми значат. Денес со задоволство ја извршувам оваа функција која за мене претставува огромна чест и задоволство. Ова е нов предизвик. Во ова време во кое секој ден се соочуваме со нови незгодни ситуации, во време кога незадоволството на народот продолжува, овој предизвик со задоволство го прифатив. Во овие месеци додека ја извршувам градоначалничката функција покажав дека граѓаните се на прво место и со сите сили се обидувам да ги решам нивните проблеми. Сакам да видам задоволни граѓани, насмеани лица и поглед кон иднината кој ќе покажува просперитет и успех. Со голема љубов и позитивни мисли влегувам во уште еден нов предизвик за кој се надевам дека е добра одлука како за мене така и за граѓаните на кои им е потребна нова надеж – вели Јанчев.

В.С. фокус