Search
вторник 24 април 2018
  • :
  • :
Најнови Вести

Митко Јанчев, сопственикот на „Кожувчанка“, нов адут ВМРО-ДПМНЕ

Loading...

Успешниот бизнисмен, сега и градоначалник на Кавадарци, ќе биде главната потпора на лидерот Христијан Мицковски. Кој е кој во новото раководство?

Митко Јанчев, градоначалникот на Кавадарци и сопственикот и управител на „Кожувчанка“, првата приватна компанија за производство на вода во Македонија, вечерва избран за еден од тројцата потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ, станува главната потпора на лидерот Христијан Мицковски, толкуваат познавачите на приликите во партијата.


Митко Јанчев

Јанчев е млад кадар (роден е во 1981 година), по професија е дипломиран инженер-геолог. Тој е семеен човек, оженет и татко на три деца. Компанијата ја презема на 23-годишна возраст, по ненадејната смрт на неговиот татко, кој е основач на „Кожувчанка“. Колегите во бизнисот за него велат дека е исклучително успешен бизнисмен, а член е и на Управниот одбор на Стопанска комора на Република Македонија.

Според партиски извори, Митко Кожувчанка, како што го нарекуваат, всишност, треба да биде новиот централен лик во раководството на партијата, во обид таа да се врати на голема врата на политичката сцена.

Генералниот секретар Игор Јанушев треба да биде човек кој ќе ја контролира партиската база. Познат е како поранешен директор на ЈСП „Скопје“, а пред тоа беше вработен во Министерството за транспорт и врски.


Игор Јанушев

Јанушев инаку беше спомнат спомнат во бомбите на СДСМ, во контекст на аферата за незаконско издавање лични карти.

Вториот потпретседател Александар Николовски е добро познат кадар на ВМРО-ДПМНЕ, политиколог, долгогподишен пратеник, експерт за меѓународни прашања. Тој треба да го поврати угледот на партијата кај мешународниот фактор, што нема да биде лесна задача.


Александар Николовски

Третиот потпретседател Владо Мисајловски исто бтака е дипломиран дипломат – политиколог на УКИМ. Беше министер за транспорт и врски на Република Македонија. Пред тоа, Мисајловски беше помлад соработник во Кабинетот на претседателот на Собранието на Македонија.


Владо Мисајловски

Континуитетот со старото раководство на партијата ќе го го одржуваат Влатко Ѓорчев, пратеникот со најдолга „километража“ мна теренот, како и Коце Трајановски, поранешниот градоначалник на Скопје. Ѓорчев ќе биде координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

По критиките на сметка на Никола Груевски во фазата на подготовка на Валандовскиот конгрес, исфрлањето на Илија Димовски и на Антонио Милошоски од раководството не се смета за изненадување.


Антонио Милошоски и Илија Димовски

Ова е целосниот состав на новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ:

Христијан Мицкоски, Иван Јорданов, Кирил Пецаков, Орце Георгиевски, Игор Николов, Трајко Славески, Драги Димитриевски, Влатко Ѓорчев, Александар Николовски, Силвана Ангелеска, Тони Михајловски, Димитар Димовски, Митко Јанчев, Дафина Стојаноска, Владо Мисајловски, Златко Перински, Коце Трајановски, Дејан Јовановски, Дејанчо Ефтимов, Игор Божиновски, Цветан Трипуновски, Костадин Богданов, Ане Лашкоска. Бајрам Требишки, Владимир Неловски, Даниела Рангелова и Игор Јанушев.