Search
вторник 24 април 2018
  • :
  • :
Најнови Вести

Изгоре „Пежо 306“ во Прилеп: Го претепале сопственикот, па му го запалиле возилото

Loading...

22-годишен прилепчанец со иницијали Л.П. пријавил во полиција дека синоќа после полноќ, бил нападнат од две непознати лица, кои го претепале, пред да му го запалат возилото марка „Пежо 306“.

Според изјавата Л.П. заедно со неговиот другар во возилото, се паркирале синоќа на улицата „Марковска“, кога во еден момент од позади му се доближило друго возило “Ауди А3“ од кое излегле две машки лица коишто му се обратиле на оштетениот.

Едното од лицата, без никакво предупредување, го удрило Л.П. со тупаница по лицето, а потоа почнале да фрлаат лименки од пиво кон него. Л.П. се обидел да  побегне, но во близина на бензиската „Макпетрол“ сторителите го стигнале и физички го нападнале, удирајќи го со тупаници.

По кратко време, оштетениот успеал да побегне, а сторителите се вратиле до нивното возило, извадиле еден клуч за тркала и една пумпа и со предметите почнале да го деморилират возилото на оштетениот. Потоа едниот од сторителите влегол во „пежото“ и заминал со возилото кон автопатот за Битола. На околу километар од клучката, сторителот врз возилото истурило запалива течност, ја запалил, при што возилото “Пежо 306“ било целосно опожарено.

Од страна на екипа од Територијална противпожарна заштита Прилеп пожарот бил изгаснат.

Пијан битолчанец му удрил бокс на лекарот кој сакал да му помогне

Лекар од екипа на итна медицинска помош настрадал вчера во Битола во обид да му помогне на 34-годишен битолчанец, кој лежел на улица во алкохолизирана состојба.

Како што информираат од полицијата, итната помош излегла вчера во 21.00 часот на улицата „Васко Каранѓелевски“, пред кафе-бар со цел да му даде лекарска помош на 34-годишниот В.С.

Бидејќи бил под дејство на алкохол, од страна на доктор му било укажано дека треба да го пренесат во ургентниот центар, по што В.С. станал и го нападнал докторот, удирајќи го со тупаница во десната слепоочница, нанесувајќи му телесна повреда.

Секторот за внатрешни работи Битола, велат од МВР, презема мерки за расчистување на настанот.